Највисокиот сендвич во светот беше нареден вчера од родениот во Тексас Ирвин Адам во Њујорк.
Мајсторот искористи неколку кутии сенф и колбаси и 60 парчиња леб. Кулинарската творба мораше да издржи една минута без да се распадне, за да се победи светскиот рекорд.
Тоа беше втор успешен обид на Адам. Претходно тој нареди сендвич од 44 парчиња леб, но неговиот обид со 80 парчиња не успеа.
Прехранбените производи кои се користат во експериментот, беа обезбедени за засолништа во Њујорк.