Холивудската ѕвезда Скарлет Јохансон започна друг бизнис, кој е доста далеку од нејзиното досегашно занимање. Русокосата убавица и нејзиниот сопруг Ромеин Дјуриак отворија продавница за гурмански пуканки во Париз.

Скарлет ќе нуди секакви пуканки – солени, слатки и т. н. Продавницата се вика Yummy Pop и се наоѓа во срцето на парискиот кварт Ле Маре.
Според сајтот “E! News” продавницата во француската престолнина ги отвори вратите оваа сабота.

Во неодамнешно интервју, Скарлет за оваа нова иницијатива изјави:
“Ова е мојот сон, а и на моето семејство во текот на неколку години. Сакам да го пренесам омилениот американски појадок во мојот омилен европски град!”

Јохансон додаде: “Толку сум возбудена и полна со ентузијазам за претстојното отворање на Yummy Pop. Се надевам дека оваа продавница ќе стане омилено место на луѓето од Париз, за ужина и ќе претставува симбол на пријателството помеѓу моите две омилени места во светот – Париз и Њујорк. ”