Рѓосан клуч од шкафче на потонатиот во почетокот на минатиот век во Северно Атлански британски лагер “Титаник” беше продаден на аукција во Западна Англија за 104 000 долари, соопшти агенцијата Асошиетед прес.
Клучот припаѓал на 23-годишен вработен на бродот, кој загинал во судирот на “Титаник” со санта мраз. Откако телото било пронајдено, клучот бил предаден на вдовицата на загинатиот.
“Титаник” тоне на 15 април 1912 година. Во морската несреќа загинуваат меѓу 1495 и 1635 лица, а малку над 700 се спасуваат. Првите остатоци од бродот кои потонале на 3,7 илјади метри длабочина, беа пронајдени во 1985 година.
Во ноември 2015 година листата со јадењата од менито на последниот ручек за патниците беше продадена за 118,7 илјади долари.