Последната недела од месецот во голема мера ќе биде како тест за љубовта. Некои од врзаните претставници на зодијакот може силно да се разочараат од партнерот. Што ве очекува видете во љубовниот хороскоп.
Овен
Уште на почетокот на оваа недела ќе направите јасна сметка за вашата врска и она што е важно за да ја зачувате. Вашите верувања се важни, оние на партнерот исто така, но не ги следете слепо. Ако ви треба да поразговарате нешто важно, направете го. Врската не би се распаднала, ако навистина има љубов меѓу вас.
Бик
За некои од врзаните претставници на зодијачкиот знак, неделата може да биде тешка во однос на љубовта. Можно е партнерот да крие некои информации во врска со финансиите. Ова ќе е како пробив во довербата. Размислете дали може да го прифатите или не.
Близнаци
На почетокот на неделава ќе се чувствувате како да сте соочени со тоа да изберете помеѓу кариерата или врската. Тоа не мора да значи дека ќе има конкретна ситуација. Мислите може да се предизвикани од некакво чувство на вина или разочарување. До сабота ќе имате повеќе јасност за кариерата и љубовта. Дотогаш не носете решение.
Рак
Можно е да бидете соочени со ситуација во која ќе имате потреба од поддршката на партнерот, физичка и емоционална. Тој или таа може да не знае точно како да ви помогне, што да прави, за да се олесни ситуацијата. Важно е да споделите што точно ви треба без да се грижите, но запазувајќи го добриот тон. Ако немате некој близок до себе, полната месечина, која ќе биде во секторот на романтиката ви дава добри можности.

Лав
Разочарувачки може да започне неделата за Лавовите во однос на интимноста со партнерот. Понекогаш се случуваат такви работи, но секогаш е добро да поразговарате. Можно е да настапи напон меѓу вас. Ако се наоѓате во необврзувачка сексуална врска и сексот не е тоа-тоа, бидете искрени со партнерот. Само така ќе може да се поправат работите или секој да продолжи по својот пат.
Девица
Ќе имате потреба од поддршката на партнерот, но нема да ја добиете. Како сите одговорности да се натрупале врз вас. Создадената ситуација ќе ве натера да размислите сериозно врз вашата врска.
Вага
Во оваа недела средата ќе биде најдобар ден за љубов. Јупитер ќе заземе поволна позиција кон Венера, која ќе ја олесни комуникацијата со партнерот. Во останатите денови не се исклучени конфликти меѓу вас. Направете сè што е можно за да ги избегнете.
Скорпија
Ако се наоѓате во врска, партнерот ќе ве натера да се чувствувате потценети некако. Логично ќе останете и разочарани. Сега е време да бидете искрени со себе и со партнерот. Размислете што заслужувате во животот и љубовта.
Стрелец
Ако се наоѓате во врска и имате чувство на некој начин дека таа/тој ви наметнува ограничувања, тоа дефинитивно ќе ве обремени. Љубовта е среќа, забава, но односите во реалниот живот бараат компромиси и понекогаш се поврзани со разочарувања. Размислете за врската, за иднината и за тоа што сте подготвени да дадете од себе.
Јарец
За оние од вас кои бараат партнерка е многу важно да бидат социјални и да го отворат своето срце за нова љубов. Врзаните претставници на зодијачкиот знак е добро да ја држат настрана врската од роднини и пријатели барем за оваа недела. Можни се конфликти, по кои е подобро да побарате совет на пријател.
Водолија
Водолиите понекогаш лесно влијаат од мислењето на пријателите. Во последната недела од месецот е можно некои од блиските пријатели да се обидат да влијае на љубовниот живот. Пријателите или љубовта? Дали е добра идеја тие да одлучуваат за вашата среќа, сегашноста или иднината? Тешко!
Риби
Неврзаните Риби имаат голема шанса да се судрат со некоја интересна личност. По неделата бидете отворени кон нови можности. Ако имате партнер до себе ќе почувствувате некаква несигурност во врската. Тој или таа може да не ве поддржи докрај во вашите планови за кариера, но финансиски ќе биде зад вас.