Дакота Фенинг изјави дека Том Круз секоја година и праќа подарок за роденден

од desk2
213 прегледи

Актерката Дакота Фенинг (22), пред 11 години глумеше заедно со Том Круз (54) во блокбастерот “War of the worlds” и оттогаш тие постојано се во контакт.

tom-cruise-dakota-fanning-premiere-war-worlds-8bkxnqt3cdyl

“Ние не се гледаме често, но секоја година тој ми испраќа убав подарок за роденден. Мислев дека тоа ќе престане кога ќе наполнам 18 години, но тој не го направи така и тоа е баш убаво”  вели Дакота, која е среќна што тие двајца останале во добри односи. Таа исто така вели дека тој обично и купува скапи, дизајнерски чевли.

Дакота неодамна ја прекина врската со моделот Џејми Страчен. Таа призна дека е премногу пребирлива кога станува збор за момчиња, но во моментов не е заљубена. Актерката истакнува дека е среќна што е сингл и дека нема време за врска.

cat-eye-eyeliner-beauty-dakota-fanning

Додека пак актерот Круз покрај многуте различни проекти и посветеноста на Скиентологијата, исто така нема време за врска, изјавија неодамна неговите пријатели. Неговата поранешна сопруга Кејти Холмс (37), наводно ја чува скриена нејзината нова романса со Џејми Фокс (48) , бидејќи тие се плашат од реакцијата на Том. Кејти и Том имаат ќерка, Сури (10), која актерот не ја видел 3 години поради забрана од скиентолозите.

article-2170914-13db8365000005dc-488_634x538