Челси Хандлер открива дека нејзината најдобра другарка Џенифер Анистон не ја интересира разделбата на Џоли и Пит

од desk2
161 прегледи

Таа е позната по нејзините бескомпромисни мислења и брутално смешни исмејувања.

Па не е ни чудно што Челси Хендлер застана на страната на нејзината најдобра дугарка Џенифер Анистон, кога јавноста се обиде да ја вовлече во скандалот околу разводот на Анџелина Џоли и Бред Пит.

39b2c8cc00000578-3870456-image-a-116_1477395782005

41 годишната комедијантка ја одбрани актерката, кога разводот се најде како тема за разговор во нејзиното неодамнешно интервју со “Grazie” и тогаш Челси изјави дека било “смешно” што луѓето мислат дека на Џенифер и е гајле.

Челси која има сопствено шоу на “Netflix”, не се плаши да коментира на темата за најголемиот развод во Холивуд. Уште кога излезе веста за нивната разделба минатиот месец, таа ја нарече Анџелина “лудача”.

39ad28b200000578-3870456-image-a-117_1477395799587

Па така на прашањето за ставот на Џенифер во врска со распадот на вториот брак на нејзиниот поранешен маж, Челси дефинитивно не се плашеше да го сподели нејзиното мислење.

“Тоа е толку глупаво и патетично. Како да и е гајле на Џен – воопшто не и е. Смешно е што луѓето се уште ја вовлекуваат во ова. Како таа само да седи и да се грижи за тоа” изјави таа.

39b2c86f00000578-3870456-image-a-118_1477396122097

Славниот пар го шокираше светот во септември кога излезе веста дека се разделуваат по две години брак и 12 целокупни години заедно како двојка.