Меган Фокс ја сподели првата фотографија на третото дете. Убавото момче на актерката го носи името Џорни Ривер Грин. Се гледа дека тоа ги наследило гените на мајка си и најмногу нејзините големи сини очи.
Ѕвездата од “Нинџа желки” го роди најмалиот син на 4 август оваа година во Лос Анџелес.
Фокс и нејзиниот маж – актерот Брајан Остин Грин, изненадија доста фанови со веста за нејзината трета бременост, бидејќи неколку месеци пред тоа двајцата беа објавија дека ќе се разведуваат.
На крајот тие се откажаа разводот и се смирија во почетокот на годината.
Меган и Брајан имаат 3-годишен син Ноа и 2-годишен син Боди, а Грин има и голем син од претходната врска, кој го носи името Касијас.
А на кадарот подолу е Боди, кој исто така доста личи на мама Меган. Фото: Instagram
