Потпретседателката на СДСМ Радмила Шекеринска денеска најави дека планираат да го променат начинот на којшто досега функционираше Собранието на Република Македонија.
– Според нашиот план ќе ги обврземе сите матични комисии во Собранието на Република Македонија задолжително да се отворат кон невладините организации, коморите, синдикатите и тоа не само за дебати по закони, туку исто така и за надзорните расправи, истакна Шекеринска на прес-конференција.
СДСМ планира пратениците да се бираат преку отворени листи, да се ограничи употребата на носење на законите по скратена постапка, претседателот на Собранието еднаш годишно да реферира пред законодавно-правната комисија за тоа колку често се користеле скратените постапки и да се ревидира начинот на исплата на патните трошоци за пратениците кои живеат надвор од Скопје.
– Сметаме дека само со вакви мерки ќе можеме да ја вратиме силата, значењето и довербата во Собранието на Република Македонија. Само на таков начин ќе имаме силно собрание кое ќе биде во состојба да ја контролира извршната власт, рече Шекеринска.
Следуваат одговрите на новинарски прашања: