(ВИДЕО) ХИТ ПРИКАЗНА ОД КОСОВО – Не можел да купи ламбурџини, и си го направил САМ

од Vladimir Zorba
91 прегледи

Дритон Селмани од Косово покажа како секој може да направи спортски автомобил. Во сиромашниот крај во кој живее, наместо автомобил користат коњска запрежна кола па неговото рачно направено „ламбурџини“ е вистинска атракција.lamborgini-620x350

„Секој сака да има скап автомобил, ама … Кога не можев да си дозволам такво возило, затоа што знаев дека е суперлуксузен бренд со висока цена, ми се чинеше логично да рачно направам еден. Мислам дека направивме добра работа, пријателите одлично го прифатија, баш како и роднините, комшиите и познаниците. Добро е“, изјави Дритон Селмани.

Работата траела нешто повеќе од година дена. Користел каросерија и делови од други возила кои му биле на располагање. Валканата работа на крајот се исплатеше.

Резултатот е импресивно возило за кое се врти целиот град и околина. Освен волјата, за изработка на возилото од сништата била потребна и помош од пријателите.

„Јас сум ентузијаст за спортски возила, и мојата работа е да ги поправам возилата. Разговарав со колегите и ги прашав“, – сакаме ли да направиме такво нешто? Ми треба нивната поддршка за да почнам, па тргнавме. Почна како мала авантура, но додека работевме резултатите беа сјајни и така го добив ова“, вели Дритон.

Уникатниот лимен миленик има мотор од 222 коњски сили. Оригинален модел на ваков „ламбурџини“, така да е посебен затоа што е произведен само во 21 примерок. Секој има мотор од 660 коњски сили, а ако некој сака да го купи, мора да издвои милион и шестотини илјади долари.

Видео снимката од овој ламбурџини, можете да ги погледнете ОВДЕ.