Севернокорејските власти објавија ново пропагандно видео со лидерот во главна улога.

Претседателот Ким Џонг Ун на снимката која трае околу час и 15-тина минути е прикажан како акционен херој.

Наводно, Ким управува со авион, но на снимката може јасно да се види како тој тоа не го прави, туку копилотот кој седи покрај него.
Понатаму Ким е прикажан како вози подморница и пука од пиштол, додека разговара со војниците.
Видеото е наречено “Ким Џонг Ун, големиот врховен командант, консолидација на моќната армија“. Снимката ја објави државната телевизија на Северна Корека, пренесува Дејли Мејл.
Снимката трае речиси како игран филм, во кој Ким издава наредба на војската, се дружи со војниците, а војската му аплаудира.
https://youtu.be/RYA957KOTbM