Универзално е мислењето дека Камасутрата е најстариот во светот трактат за љубовта, во него се собрани знаењето, вештините и мудроста на илјадници парови. Книгата е напишана од Малла-Нагоја Ватсјаана, индиски мудрец, кој живеел во III-IV век од нашата ера. Камасутра има 35 глави, собрани во 7 дела, од кои секој е напишан од лице кое е просветлено во соодветната област.
Следниве делови:
Вовед (4 глави) – за љубовта воопшто, за нејзиното место во животот на човекот и за класификација на жените
За сексуалното соединување (10 глави) – подлабока анализа на бакнежите, различни видови првичните милувања, оргазам, листа на позите, оралниот секс, а исто така за љубовниот триаголник (сопруг, сопруга и љубовница на мажот).
Како да се најде жена (5 глави) – додворувањето и свадбата.
За жената (2 глави) – како жената треба да се држи.
За жените на другите луѓе (6 глави) – главно за заведување.
За проститутките (6 глави).
Како да се фасцинира околината (2 глави).
Во Индија, многу е распространето да се подаруваат на двојки и девојки книги слични на Камасутра – како да се претстават во сексуалната сфера, да стекнат искуство во оваа чувствителна област.
Денес Камасутрата е најпознатата книга за просветување во љубовта и интимноста. Во исто време за неа има голем број на митови, тврдат познавачи. На пример, дека е древен западноевропски учебник за секс, во кој само се опишани десетици различни пози. Постои и митот дека опишаните пози се толку сложени технички што без подготовка тие се неупотребливи.
Според познавачите овие митови се должат на фактот дека Западот нема Камасутра. Многумина од нас гледаат на сексот исклучиво како начин за задоволување на нагонот и телесните задоволства, или како “оружје” за репродукција. Наспроти сето тоа, сексуалниот однос во Истокот се доживува како нешто тајно, свето, а односите меѓу мажот и жената се опишани во книгата со одухотворени зборови и термини, категорични се експертите. Камасутрата го нарекува сексот “божествено единство”. Таа е потчинување пред жената, исполнето со восхит и почитување.