Американскиот технолошки гигант Apple го претстави на последната за 2016 година презентација во Калифорнија новиот MacBook Pro.
Направен од алуминиум, новиот лаптоп компјутер се одликува со мал екран осетлив на допир, панел (TouchBar) над стандардната тастатура, кој покажува дополнителни опции според употребената апликација.
Има и читач за отпечатоци. При исклучен компјутер лентата е сосем црна. При вклучен компјутер на неа се појавуваат различни функции, а тие можат да се менуваат според потребите на секој корисник.
Компјутерот ќе биде претставен со дијагонала на екранот 13 и 15 инчи во две варијанти на бои – светло и темно сива боја. Дебелината на 13-инчниот MacBook Pro ќе биде 14,9 мм, со 3.1 мм потенок од претходниот модел.
