
Најстариот хотел во Велика Британија се распадна откако беше фатен од пожар и гореше повеќе од едно деноноќие, пишува metro.co.uк. Фасадата на “Ројал Клернс” се струполи пред неколку часови.
Во Велика Британија се смета дека тоа е најстариот хотел на Островот, кој се уште работи. Пожарникарите се обидоа да го стават огнот под контрола, но немаа шанса. Се претпоставува дека пожарот почнал во близина уметничката галерија.
https://youtu.be/j_DzIg2y0mI