Супермоделот Роузи Ханингтон-Вајтли (29), е една од најбараните модели на денешницата.

Поранешниот ангел на “Victoria’s Secret”, беше заштитно лице на “Burberry”, се појави во холивудски филмови како “Transformers” и “Mad Max: Fury Road”, како и во безбројни кампањи на “Dolce & Gabbana”, “Bvlgari” и “Versace”.
И покрај сето тоа, убавицата не се грижи за стареење. Зборувајќи за сајтот “Stellar”, Роузи изјави дека е возбудена за нејзиниот 30-ти роденден.

“Јас сум возбудена, едвај чекам да наполнам 30 години. Се чувствувам толку возрасно. Едно од нештата што ги гледам кај жените кои се постари од мене, е тоа колку тие се чувствуваат удобно во сопствената кожа и како тие имаат големо искуство во животот. И мислам дека тоа станува навистина прекрасно” рече таа.

Роузи која е верена со актерот Џејсон Статам, исто така изјави дека како што стареат луѓето, тие “учат што најдобро функционира за нив” и “се фокусираат на онa што ги прави среќни” додека се однесуваат “стратегиски” со нивното време. Моделот гледа на стареењето како “привилегија”, дури и ако тоа значи, неизбежни промени на нејзиниот изглед.
