Страста кон ташните ги тера жените да трошат пари колку што чини мал автомобил, пишува „Дејли експрес”. Ова го покажуваат резултатите од една студија направена од британскиот онлајн продавница „Симпли Би”.
Анкетата опфатила 2000 учеснички, а резултатите покажуваат дека жените во просек на годишно ниво купуваат три ташни на година.


Во просек плаќаат по 32 фунти за торба, што значи дека ако ги заштедат парите за неколку години би купиле мал автомобил.
Истражувањето открива дека над половина од жените претпочитаат да купат чанти пред облека, накит, па дури и чевли.
Просечна дама поседува 14 торби – три за „редовна употреба”, две “резервни”, пет “најдобри” за комбинирање со одредени тимови, и четири вечерни.
Дамите преферираат црната боја, а потоа следат кафена, темносината, беж, бели и црвени.