Принцот Хари е лудо заљубен во убава актерка

од desk2
98 прегледи

Британските таблоиди повторно пишуваат за љубовниот живот на помладиот син на покојната принцеза Дијана. Всушност, принцот Хари (31), наводно, има нешто повеќе од пријателски односи со актерката Меган Маркл (35), која се прослави со улогата на “Rachel Zane” во популарната серија “Suits”.

24b098bc00000578-0-image-m-2_1477819509900

Заводникот со сина крв и убавата актерка се запознаа во Канада, а подоцна неколку пати беа видени заедно во Лондон. Извор, близок на принцот, откри дека нивната врска е сè уште во многу рана фаза, но дека Хари е воодушевен од актерката.

14286d0000000514-0-image-a-6_1477819780939

Принцот, за кој неговите блиски пријатели тврдат дека никогаш не бил посреќен, наводно веќе ја запознал новата девојка со неговиот брат Вилијам и неговата сопруга Кејт Мидлтон, кои се воодушевени од изборот на неговата нова партнерка.