Силните земјотреси удираат по „душата на Италија“

од Vladimir Zorba
146 прегледи

Земјотреси со разорна јачина и натаму ја тресат централна Италија. Последниот, во неделата, за среќа не предизвика човечки жртви, но однесе илјадагодишна историја, информира DW.

36203857_303

Третиот силен земјотрес кој ја погодува Италија во последните два месеци не предизвика човечки жртви, но удри силно во националниот идентитет, уништувајќи бенедиктанска катедрала, средновековна кула и други омилени знаменитости кои ги преживеаја претходните потреси во планинскиот регион исполнет со мали историски гратчиња.

Загубени или тешко оштетени се антички римски ѕидини, готски и барокни цркви и слики стари со векови. Италијанскиот премиер Матео Ренци изјави дека „душата на нацијата е вознемирена“ поради серијата земјотреси, започнувајќи од смртоносниот на 24 август годинава кој однесе 300 човечки животи, двата помали потреси на 26 октомври, до најголемиот од сите, ударот од 6,6 степени кој се случи во неделата. Тоа е и најсилниот земјотрес кој ја погодува Италија во последните 36 години.

Околу 8 илјади луѓе во текот на денот беа префрлени во прифатни центри каде ја минаа ноќта, а италијанските служби очекуваат денеска таа бројка да се искачи до 11 илјади.

Ренци вети дека ќе ги обнови куќите, црквите и другите објекти, велејќи дека „во залог е италијанскиот идентитет“.

 

Целиот текст можете да го прочитате тука