Кендал Џенер овој пат не успеа да остане рамнодушна за критицизмот кој беше упатен кон неа изминатиов месец, од страна на некои професионални балерини.

20 годишната манекенка на нејзиниот блог им возврати на ударот на голем број професионалци од индустријата на танцот кои јавно ја критикуваа за нејзината фотосесија како балерина, за шпанското издание на списанието “Vogue”.

“Толку е смешно тоа што луѓето забременуваат или се венчаваат или имаат некоја луда драма околу нив, но мојата драма е – балерини што ми се лутат” напиша таа на нејзиниот блог.
“Јас само се појавувам и си ја работам мојата работа. Очигледно ова нема да ме сречи напорно да работам и да бидам своја. За мојата фотосесија со “Vogue Spain”, не ни знаев дека ќе бидам балерина се додека не почнаа да ми ја прават косата и шминката. Јас никогаш не реков дека знам да играм балет и не сум вежбала никогаш претходно” додава убавицата, која се појавува на пистите за светски познатите дизајнери како “Balmain”, “Chanel”, “Elie Saab”, “Givenchy”, “Fendi”, “Dolce & Gabbana” и многу други.

Кендал исто така даде до знаење дека таа “никогаш намерно не би повредила некого” и дека има “најмногу почит кон жените кои си ги работат нивните работи многу добро”.