ИСТРАЖУВАЊЕ: Речиси половина Руси треперат дека не чека трета светска војна

од Vladimir Zorba
100 прегледи

Причината е затегнување на односите на Москва со Запад поради Сиријаvojska

Речиси половина од граѓаните на Руската Федерација (48%) стравуваат дека затегнувањето на односите со Западот поради Сирија може да прерасне во нова, трета по ред светска војна, покажува истражувањето на центарот “Левада”, објавено во “Ведомости”.
Бројот на Русите, кои позитивно се однесуваат на воздушни напади во Сирија од ВКС на Москва се намали за три проценти за минатата година, и паѓа до ниво од 52%. При тоа двојно повеќе станаа граѓаните, според кои бомбардирањето го  влоши односот кон Русија на меѓународната сцена.

Позитивни трендови забележуваат дури 21% од Русите;  а пред една година со слично мислење беа  40% од граѓаните на земјата.

Независно од тоа 49 отсто од испитаниците се убедени дека Русија треба и понатаму да се меша во настаните во блискоисточните републики.