Ким Кардашијан се врати на социјалните мрежи, скоро еден месец по застрашувачкиот вооружен грабеж, што се случи во Париз.

Риалити ѕвездата, која не беше активна од нападот на 2 октомври, го прекина “онлајн” молкот со објави на нејзиниот фејсбук профил.
Таа сподели гламурозна фотографија од себе си, промовирајќи ја нејзината омилена футрола за мобилни телефони, на брендот “LuMee”.

За нејзината соработка со брендот, Ким претходно изјави:
“Тајната за добро селфи е дефинитивно осветлувањето. Јас ја обожавам мојата “LuMee” футрола. Таа има предни светла, што те осветлуваат каде и да си, особено во темни места”.
Ова доаѓа по вестите дека, наводно, на риалити ѕвездата почнал да и здосадува мирниот живот, далеку од центарот на вниманиото и нејзиното шоу “Keeping up with the Kardashians”, продолжи со снимање, по кратката пауза.