Американската компанија “Колоунл пајплајн” го затвори својот главен цевковод за бензин, дизел и авионско гориво по експлозијата и пожарот во Шелби, Алабама, во кои се повредени седум работници.

Деветчлена тим работел на системот на цевководот за бензин кога нивен камион удрил во цевката и го запалил бензинот, предизвикувајќи експлозија. Пожарот е ставен под контрола, а еден сегмент од гасоводот е во ремонт.
Затворени се цевководи, кои ја опфаќаат областа од Хјустон, Тексас, до Северна Каролина.
Компанијата обезбедува околу една третина од консумираните 3,2 милиони барели бензин на ден на источниот брег на САД, велат податоците на американското Министерство за енергетика.