Кира Најтли: “Само богатите мајки можат да си дозволат да работат”

од desk2
175 прегледи

Кира Најли за прв пат стана мајка во мај минатата година кога ја роди ќерката Еди, а неколку месеци подоцна се врати на актерството. Всушност таа ја снимаше драмата наречена “Colateral Beauty”, која ќе започне да се прикажува во кината во декември 2016-та година.

37a315f000000578-0-image-m-18_1472321483960

“Јас станав многу свесна за тоа, колку сум среќна што можам да си дозволам да се грижам за моето дете” вели познатата актерка, во искрено интервју за британското списание “Harper’s Baazar”, која освен финансиска стабилност, има и емотивна поддршка од сопругот Џејмс Рајтон.

“Шокантно е тоа колку чини згрижувањето на деца во оваа држава(Велика Британија). Тоа и би требало да биде скапо затоа што станува збор за тешка и важна работа. Но не постои никаква опција за жените кои сакаат да се вратат на работа, освен ако не се многу добро платени, па можат да си дозволат дадилка со полно работно време, пред детето да добие место во градинка” изјавува Кира.

37a315f500000578-0-image-m-19_1472321542281

Таа верува и дека треба да се изедначи породилното отсуство за мајки и татковци, па така на семејствата да им се понудат дополнителни можности за организација.

“Кога работодавачот размислиува дали да ангажира маж или жена, тој си размислува ‘на жената во еден момент ќе и треба да земе 9 месеци, а на мажот тоа нема да му треба’ и немојте да ми кажете дека овие работи не влијаат на неговата одлука” додава актерката.

388a631b00000578-3889086-image-m-9_1477906341547

Кира исто така рече дека таа ја отфрла идејата, што од холивудските мајки се очекува веднаш да скокнат назад во форма откако ќе се породат и дека таа нема да си врши таков притисок врз себе.