Скотланд Јард му забрани на Џонсон да вози велосипед

од Vladimir Zorba
67 прегледи

Скотланд Јард му забрани на британскиот шеф на дипломатијата, Борис Џонсон, да вози велосипед, поради страв дека би можел да биде мета на терористите, пренесува Дејли мејл.

boris-2
Министерот за надворешни работи на Велика Британија, кој наводно се преселил од областа Излингтон во Источен Лондон во куќа во близина на Бакингемската палата, е познат како љубител на велосипедите и поборник на идејата дека тие ќе го спасат Лондон од сообраќајниот метеж. Меѓутоа, од полицијата го предупредиле дека ваквиот вид движење низ градот за него е опасно, со оглед на функцијата што во моментов ја извршува. Додека беше градоначалник на Лондон, Џонсон на работа редовно доаѓаше со велосипед, а го користел и за одење на деловни состаноци. На неговата иницијатива, во градот почнаа да се обележуваат посебни ленти за велосипедистите, иако со тоа беше намален просторот на сообраќајниците наменети за автомобилите.