Џенет Џексон ќе го крсти детето по нејзините покојни браќа

од desk2
156 прегледи

Пејачката кон крајот на декември, со богатиот катарски бизнисмен Висам Ал Мана (42) ќе го добие првото дете. Еден нејзин пријател тврди дека Џенет Џексон (50) на нејзиниот син ќе му го даде името Мајкл Брендон, по имињата на нејзините покојни браќа.

066b104bc7b00632ce64

 

“На овој начин таа би сакала да им оддаде почит. Со Мајкл таа беше многу блиска, a Брендон почина кратко време по раѓањето” вели еден пријател на семејството. Џенет со години се обидувала да забремени и нејзиниот сон конечно се остварил.

janet-jackson

“Се му препуштив на Бога” претходно изјави Џексон.

Откако таа официјално објави дека го очекува првото дете, беше видена на прошетка во Лондон. Таа се држеша за рака со нејзиниот сопруг, и беше облечена во црн широк фустан и бурка на главата, како што носат муслиманските жени. Џенет е во брак со милијардерот од 2012 година и наводно, наскоро ќе се пресели со него во Катар.

janet-jackson-and-husband