Уметнички слики во вредност од 200.000 денари, златен накит во истата вредност и акции во вредност од 505.000 денари, 1,5 милиони денари заштеда, тоа е личниот имот со кој располага заменик-минисерот Диме Спасов според анкетниот лист објавен на страницата на Државната комисија за спречување на корупција.

Спасов според анкетниот лист пријавил и имот на родители, стан во Скопје и три парцели земјоделско земјиште во Чешиново-Облешево, како и имот на брачен другар, стан во Скопје во вредност од четири милиони денари.
Во заеднички долгови има лизинг од 300.000 денари, но нема информација за што е тој лизинг. Според овие податоци, Спасов и неговата сопруга немаат возило.
Министерката за труд и социјала Фросина Ременски го обвини Спасов дека користел дури пет службени возила.