Неговите дизајни се едни од најбараните од страна на богатите и славните, и се со прилично недостижна цена. Па би можело да дојде како изненадување што Том Форд, дизајнерот чии чанти може да коштаат и повеќе од 2,000 долари, тврди дека материјалните нешта нема да ни донесат среќа.

Во неодамнешно интервју, Форд (55) тврди дека откако станал татко тој доживеал преобразба кон анти-материјализамот и додава дека среќата не може да се постигне преку она што го купуваме.
Тој призна дека како дизајнер, кој се прослави со дизајнирање за модната куќа “Gucci”, тој “сигурно помогнал во создавањето на овој свет на потрошувачите”.

Форд кој сега работи како режисер, изјави:
“Современата култура ви кажува дека можно е да постигнете среќа, но тоа не е така. Можете да имате среќни моменти, среќни денови, но вие исто така ќе имате деструктивни нешта во вашиот живот, без разлика дали сте богати или сиромашни. Денес сите се на антидепресиви. Звучи чудно што ова доаѓа од мене, моден дизајнер, меѓутоа сите ние имаме некои очекувања од животот што, всушност не можат да се постигнат. Работите што ме прават среќни се луѓето во мојот живот. Вашите родители ви кажуваат дека најдобрите нешта во животот се бесплатни, а вие си мислите дека најдобрите нешта се нов стан или комплетно нов автомобил.”
Дизајнерот има 4 годишен син Џек, роден преку сурогат, заедно со неговиот партнер Ричард Бакли. Двојката стапи во брак во 2014-та година.

Во неговиот нов психолошки трилер “Nocturnal Animals”, актерката Ејми Адамс ја игра улогата на сопственичка на галерија, која е прогонувана од романот на нејзиниот поранешен сопруг. Филмот ќе започне да се прикажува во кината во декември.