(ВИДЕО) Еве како ќе изгледа Германија, преземенa од “Исламска држава”

од Vladimir Zorba
70 прегледи

Видео клип кој ja рекламира терористичката група, се појави на интернет.

1478097832-idil-germany

Клиппот кој ја рекламира “Исламска држава Германија”, се појави на интернет, пренесе РИА Новости. На видеото се гледа како над Брандебургската врата (поранешната граница меѓу Источен и Западен Берлин) се вее знамето на џихадистичката група.
Авторите на снимање не ја пропуштија ниту ни Келнската катедрала. На познатата црква се монтирани неколку полумесечини.

Во материјалот на популарниот празник на пивото крај Минхен “Октоберфест” веќе не се служи ниту алкохол, ниту свинско.

Публикацијата предизвика остра реакција од страна на медиуми во Федералната република. Неколку од најголемите изданија во Германија го обвинија директно кандидатот за претседател на САД – Доналд Трамп, бидејќи клипот е објавен од крајно конзервативната организација Secure America Now.

Нејзиниот претседател Винсент Харис негираше дека кадрите да имаат врска со трката за Белата куќа. “Темата за бегалците и Германија е интересна за многу луѓе и заради тоа го направивме ова видео”, рече тој.

 

https://youtu.be/aDMZRiYrcuE