Научниците открија каде се наоѓа “џакузито на смртта”

од Vladimir Zorba
91 прегледи

По двегодишно истражување американски научници открија каде се наоѓа “џакузито на смртта”. Така е наречено подземното езеро кое се наоѓа на дното на Мексиканскиот Залив, соопшти The Daily Mail.

1478117840-18

Подводното езеро е отворено во 2014 година со помош на контролиран робот. Тоа се наоѓа на повеќе од 1.000 метри длабочина и е со дијаметар од околу 34 метри. Утврдено е дека водата во него е пет пати посолена од морската. Таа самата е токсична, бидејќи има присуство на метан и водород сулфид, соопшти Звезда.

Езерото е наречено “џакузи на смртта”, тоа е топло, солено и убива се живо. Негови жртви се и бродовите.

Езерото се состои од два слоја. Првиот е со длабочина од околу три метри и таму концентрацијата на сол е најголема. Во вториот слој има голема содржина на јаглерод, а температурата е над 19 степени.

Во Мексиканскиот залив подводните солени езера не се реткост, тие ги изненадуваат бродовите со јами.