Генерација без секс

од Vladimir Zorba
358 прегледи

Во онлајн просторот има голем број на сајтови и апликации за познанства и секс и тоа остава впечаток дека не е тешко да се најдат и двете. Излегува сепак, дека љубовта, врските и интимниот контакт “страдаат” енормно токму заради модерниот начин на живот.e7333b27b9115fc62a64f32ab3555974

Ново истражување на научниците од Универзитетот во Глазгов тврди дека младите веќе не сакаат да имаат секс и во голема мера може да го обвинуваме за тоа интернет просторот. Во истражувањето учествувале 2300 Британци на возраст меѓу 16 и 21 година, од кои една третина признале дека веќе немаат желба за интимност и често се превидува сексот заради порно и чет во мрежата.

Испитаниците додаваат дека дури побарале помош од професионалци за подобрување на сексуалниот живот, кој бледнее најмногу поради недостаток на интерес.

Податоците во Америка се уште пострашни. Додека во Велика Британија неподготвеноста за интимност меѓу младите влијае на околу 28%, во САД тоа е двојно поголема.

Резултатите од истражувањето објавено во Journal of Adolescent Health, предупредуваат дека порнографијата исто така има вина за ниската сексуална активност на мажите на крајот на пубертетот и почетокот на 20-тите. Причината е дека филмовите за возрасни ги искривуваат ставовите на момчињата за врски и тие не сакаат да создадат такви, ниту пак се учат да ценат и да испорачуваат задоволство на женското тело, кое се покажува проблем во некои посериозни односи.

Според статистиката, изнесена во научниот материјал, денес младите прават најмалку секс, во споредба со последните 100 години.

Експертите сметаат дека “ефектот Facebook” исто во голема мера е одговорен за овој загрижувачки тренд.

Младите се опседнати од своите мобилни уреди и социјалните мрежи и претпочитаат да се “исклучат” од реалниот свет и да се потопат во мрежата деноноќно. Единствената позитивна вест во целиот тренд е дека има помалку бремени тинејџерки во споредба со последните неколку децении.