(ВИДЕО) Спасов убедува дека бил жртва на криминално-полициска местенка, СДСМ јавно му постави 6 прашања…

од desk3
174 прегледи

dime-spasov-nova-640x281
Ниту забележав, ниту почувствував било каков удар со возилото кое ме следеше и од возилото од кое излегоа лица кои се обидоа да ме нападнат, истакна заменик министерот за труд и социјална политика Диме Спасов во екслузивното интервју за ТВ Нова, а во врска со сообраќајната несреќа.

-Според моите информации ова не може ни да се утврди. И во пракса најчесто кога ќе се случи судар, оној кој пријавува најчесто ја чека полицијата да дојде увидната екипа, седи и останува на местото на настанот со цел да се утврдат околностите под кои е случен сударот, причинетата штета како и вината. Ова не беше случај, можеби сум се разминал со тоа возило, но не почувствував никаков контакт или удар, а возилото го забележав дека ме следи. Потоа два пати бев нападат од лицата и тие се обидоа да ме извадат од возилото кое го управував, објаснува Спасов.

Спасов истакна дека станува збор за смислено сценарио на опозицијата преку злоупотреба на институциите да му наштети, но за тоа кој и зошто го бркал треба да покаже истрагата и доказите.

Иако заменик-министерот се правда дека бил жртва на заговор и не почувствувал никаков удар, од Министерството за внатрешни работи сооштија дека тој удрил во неколку паркирани автомобили и се дал во бегство.

 

По ова со соопштение излегоа од СДСМ:

“Диме Спасов е огромен срам и невидено безобразие што и се случува на Македонија. По скандалот што го направи, четири дена го немаше никаде, а денеска се појави на скандалозно интервју на кое покажа се што научил од шефовите Никола Груевски и Сашо Мијалков.

Од Центарот за лаги и манипулации на ВМРО-ДПМНЕ го спремиле и го наместиле пред камерите на телевизијата на партнерот на Груевски, за да го раскаже филмот кој му го смислиле. Но, освен приказните за мали деца дека бил бркан, уплашен и наместен, од штабот не успеале да смислат одговор на ниту едно од клучните прашања:

1. Што правел Диме Спасов во 23 часот со службено возило на Агенцијата за вработување?

2. Дали бил во алкохолизирана состојба?

3. Зошто се обиде да излаже дека не возел?

4. Зошто го испрати својот шофер да лаже дека тој, а не Диме Спасов го возел возилото?

5. Дали имал сопатничка во возилото и во кое својство била таа таму?

6. Зошто се криеше од јавноста и зошто не оди на работа?

Наместо да се извини за своето неодговорно и непресметливо однесување, Спасов, без тронка срам, реши најбезобразно да ја лаже целата јавност со евтини „финти“ и филмови.

Откако истата вечер после лумпувањето Спасов реагираше на информациите на медиумите и единствен проблем му беше дека не направил тешка туку лесна сообраќајка, од ВМРО-ДПМНЕ конечно го довршиле сценариото за акциониот филм во кој Спасов од непресметлив бегалец стана жртва на светски заговор против неговата наводна чест и углед.

Наместо да одговара прекршочно и да плати казна за сударите, Спасов реши да бега од полицијата и да мести друг лажно да сведочи дека возел, а сега и лажно пријавува филмови кои не се случиле, и си навлекува кривична одговорност.

Но, Спасов не е ништо повеќе туку само само обична слика на неговите надредени.

Граѓаните слушнаа како обвинетиот Груевски и даваше инструкции на осомничената Јанкулоска како да го сокријат убиството на Мартин Нешковски на партиската прослава и да ја лажат јавноста, па Спасов мисли дека и тој може да се извлече за својот лумперај.

Се извинил или не, поднел оставка или не, Спасов ќе одговара за тоа што го направи! А на 11 декември ќе одговараат пред граѓаните и неговите шефови Никола Груевски и Сашо Мијалков.