Оваа недела во полн обем беа прикажани ризиците од тоа да се изразува несогласување со претседателот на Русија Владимир Путин, пренесува Voice of America. Станува збор за два одделни случаи кои го привлекоа вниманието кон проблемите во сферата на човековите права во Русија.

Во средата руските службеници во Amnesty International во Москва, одејќи на работа, открија дека бравите на нивната канцеларија се сменети и вратите се затворени без објаснувања и предупредувања.
Според коментари подоцна од општината на главниот град, организацијата не платила киријата навреме.”Сите наши компјутери, документи и лични предмети: сè е таму, зад заклучените врати”, напиша на Facebook Иван Кондратенко, вработен во Amnesty.
Истакнувајќи дека организацијата ја користела оваа канцеларија од 20 години и досега немала проблеми, а киријата секогаш бил платен анавреме, Кондратенко изрази надеж дека прашањето брзо ќе биде решен. Но од руските организации за заштита на човековите права укажуваат дека потегот бил индикативен за актуелната ситуација во земјата.

“Целосниот недостаток на предупредување ги разбуди сомнежите дека ова не е обичен спор закупец и газда”, вели Тања Локшин, директор на Human Rights Watch во Русија. “Напротив станува збор за нивната работа во Русија како таква, нивните тешки д критики кон кризите кои се во областа на човековите права во земјата”, коментира Локшин. Таа додаде: “И имајќи ја предвид политичката клима, има значителни основи да се сомневаме дека овој потег бил преземен за да се изврши притисок на Amnesty International.