Авганистан – војната, за која молчат и Клинтон, и Трамп

од Vladimir Zorba
146 прегледи

Тоа е несекојдневно , имајќи ги предвид огромните жртви и средства кои САД  го дадоа во последните 15 години

avganistan-ameri

Доналд Трамп и Хилари Клинтон не велат ништо за тоа како ќе се справат со војната во Авганистан. Тоа е несекојдневно , имајќи ги предвид огромните жртви и средства кои САД ги дадоа во последните 15 години – вклучувајќи двајца загинати Американци вчера, издржливоста на бунтот на талибанците и ризикот од распад на авганистанската влада. Ова може да ги зајакне позициите на екстремистите и да го  втурне следниот претседател до избрзани потези, пишува Асошиејтед прес.

Покрај двајцата американски војницикои , загинале вчера, уште четворица беа повредени, додека давале помош на авганистанските сили во северниот град Кундуз.

Претседателот Барак Обама набргу ја засили војната  откако стапи на должност, но не успеа да ја постигне својата цел да ги принудат Талибанците и авганистанската влада да постигнат политички договор.Следниот претседател ќе се соочи со нова серија на тешки одлуки за Авганистан уште во почетокот на неговиот или нејзиниот мандат, вклучувајќи дали да го зголеми или намали бројот на американските војници и во поширок план дали да продолжи  со одредување на минималистичка воена стратегија на Обама.
Тешките карактер на овие решенија може барем до одреден степен да објаснат  зошто Трамп и Клинтон не ја коментираат многу темата Авганистан. Тие ја игнорираат во предизборната кампања; таа беше спомната само минимиално  во првата дебата меѓу Трамп и Клинтон и воопшто не беше покренато во втората и третата дебата.

Погрешна  мисија на Обама
Ако можеме да судиме по осумгодишната борба на Обама, на неговиот наследник нема да му биде воопшто лесно да ги извлече американските војници од Авганистан.Ниту има јасен начин на кој пошироката американска воена интервенција може да и стави крај на војната.obama
Ниту Трамп ниту Клинтон предложиле нешто повеќе од заеднички идеи за намери кон Авганистан. Трамп повика да бидат прекинати напорите на САД за “градење на државност”. Клинтон рече дека “ќе се соочи”
со филијалата на “Исламска држава” во Авганистан и “кон многуте  струи џихадисти” кон и од земјата. На интернет страниците на ниту еден од двајцата кандидати, каде што обично се даваат детален различни политички проблеми, не се споменува американското воено присуство во Авганистан, ниту каква да е политиката кон него. Набрзо откако влезе во Белата куќа во 2009 година, Обама се зазеде со подолг преглед на американската политика кон Авганистан и Пакистан со цел да се поправи она што го сметаше за пропато за  САД таму. Тој ги  зголеми американските сили во Авганистан до 100 000 луѓе, но тоа не ги доведе талибанците на масата за преговори. Војната се одолговлечи. Обама стави крај на борбената мисија на САД во декември 2014 година и рече дека до јануари 2017 година трупите ќе бидат намалени само до “нормално неопходно присуство”. Во октомври 2015 година, тој целосно го  поништи повлекување и изјави дека 5500 војници ќе останат, за да ги поддржат авганистанските сили и да продолжат антитерористичките операции против Ал Каеда. Во јули, кога таму се уште се наоѓаа 10 000 американски војници, тој се откажа и од бројот 5500 и презеде обврска да остави 8400 војници до крајот на мандатот, кои ќе продолжат да ги обучуваат и советуваат авганистанските сили и да одржуваат антитерористичка мисија.
Авганистан “во ризик”
Вашингтон  го оцени позитивно авганистанскиот претседател Ашраф Гани како поефикасен партнер на САД од својот претходник Хамид Карзаи. Политичките димензии на проблемите во Авганистан сепак се толку
вознемирувачки  во некои односи, како оние од областите на одбраната и безбедноста. Таканаречената влада на национално единство, формирана во 2014 година, која е предводена од Гани и шефот на извршната власт Абдула Абдула, меѓу кои постојат несогласувања веднаш откако стапија на  позицијата. Овие отстапувања можат да ја потопат земјата во уште поголем хаос. Авганистанците се повеќе се убедуваат дека влада предводена од двајца луѓе не може да опстане долго. Претходно оваа година директорот на националното разузнавање на САД, Џејмс Клапер изјави пред Конгресот дека Авганистан е изложен на “сериозен ризик од политичка криза во 2016 година “. Од друга страна, авганистански функционери тврдат дека напредокот на земјата од 2001 година е често игнориран и потценетет.
Авганистанскиот амбасадор во Вашингтон Хамдула Мохиб посочи неколку примери во септември: повеќе жени од кога и да било во историјата на земјата вршат јавни функции, мерките против корупцијата доведоа до 22-процентно зголемување на националните приходи и повеќе семејства во селата добија струја.
Без изгледи за крај
Едно од доказите за неконтролирано карактер на војната е јазикот кој го користат американските државни службеници, за да ја опишат. Во февруари 2009 година висок американски командант во Авганистан изјави дека САД и авганистанските им партнери се “во најдобар случај во ќор-сокак” во битката против талибанците.
americka-vojskaСедум години подоцна, во септември 2016 година, претседателот на Советот на генералштабовите на вооружените сили на САД генерал Џозеф Днфорд изјави пред комисија на Конгресот дека војната е “во ќорсокак”. Само неколку дена по изјавата на Днфорд сегашниот командант на силите на САД во Авганистан генерал Џон Николсон рече дека владата и талибанците “постигнале некаква рамнотежа” на бојното поле. “Ова е позитивно”, рече Николсон, во смисла дека Владата контролира околу 70% од населението. Но некои можат да тврдат дека е негативно  од гледна точка на тоа дека речиси една третина од граѓаните не се под контрола на владата, дури и по толку години битки против талибанците, кои изгледаа поразени во декември 2001 година, нема консензус за тоа колку долго уште САД  со своите војници ќе треба да се одржи таму за да им помагаат на авганистанските сили да не претрпат пораз.
Недостатокот на внимание кон Авганистан во претседателската кампања се проценува од Стивен Волт, професор по меѓународни односи на Универзитетот Харвард, како симптоматска  “амнезија на Американците кон војната “. Во статија за интернет страницата на списанието. “Форин полиси” Волт го опиша Авганистан како конфликт, кој “сме повеќе склони да заборавиме отколку да го  прекинеме”.