Секое девојче кое сонувало кога ќе порасне да ја има судбината на Пепелашка е еден чекор поблиску до исполнување на својот сон.
Тоа станува возможно откако британската компанија Irregular Choice пушти во продажба колекција чевли по мотиви на сказната за Пепелашка од истоимениот филм на Disney, пишува The Metro.
Во колекцијата влегуваат неколку модели – од балетанки до ракавици, украсени со панделки и кристали слични слики од филмските цртежи.
Не за прв пат оваа компанија се инспирира од стилот на чудесните цртани бајки. Во септември оваа година компанијата објави колекција во стил “Алиса во земјата на чудата”, а самата хероина е насликана на чевли, како и Лудиот шапкар, Кралицата на срцата и останатите чудесни ликови.
Irregular Choice е основана во 1999 година, специјализира во создавањето на чевли со необични декорации. На пример, во 2014 година во продажба излегува колекција во форма на глава на еднорог.
Видете ги чевлите на Пепелашка во галеријата.