Железната “Брекзит” леди веруваше дека успешниот референдум во јуни е доволен од правна гледна точка, за да може Британија да излезе од ЕУ.

Но Врховниот суд на Лондон направи шлаканица, пресуди дека само парламентот може да го активира Брекзитот. Доволно смешно е дека оваа постапка беше активирана од една финансиска менаџерка и од една фризерка, а не од пратениците.
Но во британската сага за Брекзитот ќе се нагледаме уште многу повеќе. По лагите и заблудите кои националистите ги пласираа во изборната борба, а потоа популистичките изјави на еден ексцентричен министер за надворешни работи, едвај наметнаа правна игра околу почетокот на излегувањето на Велика Британија од ЕУ,кој може да шокира.
Тереза Меј веднаш објави дека ќе поднесе жалба на судската одлука пред Врховниот суд на Обединетото Кралство. Но дури и да победи во случајот пред почетокот на декември, таа нема да може да го исполни својот распоред за Брекзита: тој беше објаве дека до крајот на март 2017 година Лондон ќе го активира чл. 50 од Лисабонскиот договор за стартување на преговорите за излез од ЕУ, кои би требало да продолжат 2 години. А, ако сега и Врховниот суд на Велика Британија одлучи дека парламентот треба да гласа, ќе стане уште посложено: затоа што тогаш може и да има потреба од нов закон кој ќе бара одобрение и на двата дома на парламентот. А, тоа би траело неколку месеци. Всушност Владата би можело да иницира и вонредна законска процедура. Само дека и таа би можела да биде оспорена пред судот.
Всушност не е јасно дали Меј воопшто ќе добие мнозинство за почеток на Брекзит. Дури и нејзината сопствена фракција е поделена по ова прашање. Не е јасно каков курс би препорачал парламентот: “тежок” Брекзит со целосна отцепување од европскиот внатрешен пазар или “мек” Брекзит кој ќе и дозволи трговијата, но и миграциј? За малку веројатно е сметано следново сценарио: пратениците да ја игнорираат целосно народната волја од референдумот и да сакаат да го запрат излегувањето на земјата од ЕУ. Мислиме дека сепак за тоа: Тереза Меј може да свика нови избори уште во февруари. Ако ги победи, таа би можела да ја зацврсти власта во парламентот. Или пак не? Што и да зборуваме, Британија повторно паѓа во тешки политички турбуленции. Весникот “Дејли мејл”, кој активно го поддржуваше Брекзит, веќе пишува за “Измамата Брекзит”. А националистот Најџел Фараџ зборува за “народен гнев”. Целата оваа приказна воопшто не е по вкусот на ЕУ. Ако Брекзитот продолжува да се одолговлекува, ќе се зголеми нестабилноста. Држави и влади ја беа повикаа британската колешка да започне што е можно побрзо конкретните преговори, откако Британците кои сакаат да ја напуштат ЕУ по секоја цена. Што се однесува до евентуалното спречување на Брекзитот во британските судски сали или во парламентот – во Брисел никој не верува во тоа. Но европската централа онака веќе нема речиси никакво влијание врз своеволието на Британци. Затоа не нејзе и останува ништо друго освен да чека … и да си пие чајот.
–