(ВИДЕО) Општа паника! Поради закана Трамп беше симнат од бината од предизборен настан

од desk3
136 прегледи

0344706001476937384_573392_292x224

Кандидатот за претседател на републиканците во САД Доналд Трамп беше однесен од подиумот за време на предизборен митинг во Рино, во државата Невада, од агенти на Службата за безбедност. Во толпата била забележана наводна закана.

Според извори блиски до кампањата на Трамп, станува збор за огнено оружје. Официјално сеуште не е потврдено каква точно била заканата.

https://youtu.be/LzDZYmjqYgI

Агентите од обезбедувањето задржале и претресле бел маж, кој стои во предниот публиката. Подоцна тој е придружуван од полицијата.. Потоа Трамп, видливо мирен, се врати на сцената и го продолжи својот говор: “Никој не рекол дека ќе ни биде лесно. Но, ние никогаш нема да бидеме запрени. Сакам да им се заблагодарам на агентите од службата за безбедност, овие момци се фантастични . Нивните заслуги често остануваат непризнаени, а се неверојатни луѓе. Никој нема да се однесува грубо со нашите луѓе “.

Претседателските избори во САД ќе се одржат на осми ноември.