7 лекции за однесување на кралска средба

од Vladimir Zorba
259 прегледи

Елизабета II е родена на 21 април 1926 година и е постарата од двете ќерки на Џорџ VI и Елизабет Боуз-Лајон.8cf94c014643e32c6a4b62585af69d24

Во 1947 година се омажила за далечниот братучед и двајцата имаат четири деца. Елизабет Александра Мери е кралица на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска, Глава на Комонвелтот и Лорд на Ман.

Од моментот кога е крунисана како кралица, до денес, Елизабет има ист распоред, кој во текот на годините претрпел сосема минимални промени.

На ист начин изгледа и кодексот со правила и однесување, кој треба строго да се почитува при средба со кралицата.

Никогаш не се знае што ќе се случи, а и е многу интересно да дознаеме што можеме и што не можеме да си дозволиме пред Елизабета II.

1. Кога ја поздравуваат кралицата , мажите треба да кимнат само со главата, а жените да направат реверанс.

2. Кога пишувате до кралицата, почнувате задолжително со “Ваше Височество”, а во разговор треба да се обраќате како “Мадам”.

3. За време на официјалната вечера треба да се следи кралицата – кога таа станува, станувате и вие (освен во моментите во кои зборува), престанувате да јадете кога таа не јаде, ја чекате да седне, да седнете и вие и т.н.

4. Никогаш не се вртете со грб кон кралицата .

5. Кога ќе се сретнете со кралицата важи правилото “без допир”, што значи дека никогаш не треба да иницирате прв физички контакт, дури и да е за поздравување. Се ракувате кога таа ќе подаде рака и дури тогаш треба да биде со цврста потпора и малку движење.

6. Обично иницирањето на разговор исто така не е правилно. Исто така се држите настрана од лични прашања, особено во однос на внуците на кралицата – принцовите Вилијам и Хари.

7. Секогаш носете ѝ подарок на кралицата , без разлика дали ќе е врамена слика или видео, како што направија семејството Обама во 2009 година.