36-годишниот супер-модел се појави на отварањето на продавницата на брендот “Under Armour”, за кој таа е заштитно лице и објасни дека нејзините деца, 6 годишниот Бенџамин (облечен како Супер Марио) и 3 годишната Вивијан (облечена како пони) собрале импресивен куп бонбони за време на Ноќта на вештерките.

Меѓутоа, наводно, тие биле толку незаинтересирани за слатките, што и дозволиле на нивната мајка, сите да ги раздаде.
“Ние немаме таков вид на шеќери во нашиот дом. Им дозволив да изедат по едно парче, но тие само пробаа еден залак и не сакаа повеќе. Им кажав дека ако не им се допаѓа, ќе им го дадам на другите деца и тие всушност ми дозволија да ги раздадам нивните бонбони” изјави Жизел за сaјтот “People”.

“Тоа е малку поразличен вид на слатки, па тие не се навикнати. Јас им реков ‘Знаете, постојат толку многу деца што не добиваат слатки, а вие добивте толку многу, некои деца не добија ни едно!’ и тие ми рекоа ‘Добро мамо, можеш да им ги дадеш на нив ако тие не добиле ништо’.” додаде бразилската убавица.