
Во Центарот за култура во Тетово денеска се оддржа собир на Форумот на жени на Демократската Унија за интеграција, информира 24Вести. На собирот присуствуваше и имаше обраќање лидерот на партијата Али Ахмети, кој порача дека престојните избори на 11 декември се многу важни и дека партијата во изминативе две години се соочила со многу тежок мандат кој не би сакале да се повтори.