Алек и Хилари Болдвин ги отвораат вратите на обновената куќа во Источен Хемптон, специјално за новиот број на списанието ELLE Decor.
Таму Холивудскиот актер и неговата сопруга, која е јога инструктор, бегаат од урбаниот живот во Њујорк, како и од љубопитните очи на жолтите медиуми.
Куќата на сопружниците се наоѓа во Лонг Ајленд и е изградена во 18-тиот век. Актерот го купува домот во далечната 1995-та година, многу пред да се сретне и заљуби во родената на островот Мајорка бринета.
Хилари, која неодамна роди трето дете на Алек, открива дека за реновирање на куќата ѝ помагале дизајнерот Даниел Романов и градежникот Брајан Маникс.
Додека Алек редовно патува до Њујорк и Лос Анџелес по работа, Хилари го поминува главно времето тука, заедно со 3-годишната Кармен, 1-годишниот Рафаел и новороденото бебе Леонардо.
Сега, четири години откако се венчаа, сопружниците изгледаат како уште постабилно семејство, а развојот на нивната врска и промените во приоритетите се забележуваат и од нивната куќа.
Видете слики од елегантната куќа на Алек и Хилари во галеријата.