Закажана втора изведба на бродвејскиот мјузикл „Монти Пајтон Спамалот“

од Vladimir Zorba
92 прегледи

По целосната распродажба на билетите за премиерната изведба на Монти Пајтон Спамалот, закажана е и втора изведба на популарниот бродвејски мјузикл во Скопје. Во рамки на Таксират, македонската публика ќе има можност втората изведба ја погледне на 28-ми ноември во МОБ, ден по веќе распродадената премиерна изведба.
1-7-702x336

„Сите оние кои претходно останаа без билет, сега имаат уште една прилика, и тоа што поскоро да го осигураат своето присуство на овој единствен музичко-сценски спектакл!“, велат од Пасворд продукција. Билетите за втората изведба на СПАМАЛОТ се веќе пуштени во продажба, преку продажната мрежа на МКтикетс и онлајн.