Орбан почна полека да тоне! Не го доби потребното мнозинство за амандманот за бегалците

од desk3
81 прегледи

 

Унгарскиот парламент денеска не го прифати амандманот на премиерот Виктор Орбан за Уставот со кој на бегалците би им се забранило да се населат во Унгарија, јави Танјуг.

Како што се наведува, Орбан не ги добил потребните две третини на гласови во парламентот, а за прифаќање на амндманот му недостигале само два гласови.

0085226001457514370_573933_292x224

Потсетуваме дека на 2 октомври оваа година беше одржан референдум за темата во Унгарија. Прашањето на кое требаше да одговараат Унгарците, беше: “Сакате ЕУ да има право да испраќа за населување на странски државјани во Унгарија без дозвола на парламентот?”. Огромното мнозинство од гласачите – над 98%, рече “не”, но одѕивот на референдумот не беше доволно голем за да стане одговорот закон – малку над 39% кај граница од најмалку 50%.

Поради многуте одговори “не” на референдумот, Орбан сепак го внесе во парламентот законот според кој е забрането групното преселување на мигранти. Опозицијата целосно го бојкотираше гласањето, а на “Фидес” – партијата на Орбан, и требаа уште два гласа, за да помине законот. За целта требаше да биде направена уставна промена, а тоа бараше мнозинство што не беше постигнато. Согласно квота системот за бегалците во ЕУ, Унгарија мора да го прифати 1294 бегалци. Минатата година мнозинството од европските држави одобри план за прераспределба на над 160 000 мигранти од Италија и Грција, кои треба да бидат сместени на квотен принцип во сите земји членки на ЕУ. Спроведувањето на овој план, сепак засега е прилично проблематично, а една од причините за тоа е и фактот дека дел од земјите од Источна и Централна Европа се спротивставија на мерката.