Меркел исплашена од можни сајбер напади на Русија

од Vladimir Zorba
75 прегледи

Германската канцеларка Ангела Меркел изјави дека Русија може да влијае врз парламентарните избори преку сајбер напади или кампања за дезинформација. САД веќе ја обвинија Москва дека го прави истото со претседателските избори. „Потребна ни се и сега да се справуваме со информации од Русија или со интернет напади, кои се од руско потекло или со вести кои носат лажни информации”, рече Меркел на прес-конференција.

5153000

Справувањето со овој проблем е веќе „секојдневие”, рече таа за новинарите во Берлин. Според неа руските сајбер напади „може да играат улога за време на предизборната кампања”, истакна таа. Претходно оваа година германското контраразузнавање обвини дека Русија правела сајбер напади и шпионажа против Бундестагот, долниот дом на парламентот. Парламентарните избори во Германија се во септември 2017 година. Ангела Меркел уште не објави дали ќе се кандидира за четврти мандат како канцелар, но најверојатно тоа ќе го направи.