Калифорнија и Флорида се изјаснија за легализација на марихуаната

од Vladimir Zorba
74 прегледи

Гласачите во Калифорнија се изјаснија за употреба на марихуана за забава во најбројната држава. 5153648Повикувајќи се на прелиминарните резултати, од Стејт департментот најавија дека мерката била одобрена со повеќе од 55 отсто од избирачите.

Во Флорида над 70% од избирачите се изјаснија за легализација на марихуаната за медицински цели, покажуваат прелиминарните резултати од гласањето.

Истовремено со гласањето за нов претседател, жителите на пет држави – Аризона, Калифорнија, Мејн, Масачусетс и Невада – одлучуваат дали да дозволат или не продажба на дроги за “забава”.

Други три држави – Флорида, Арканзас и Северна Дакота, решаваат за легализирањето на марихуаната за медицински цели.