Како би изгледале првите 100 дена на Трамп во Белата куќа, што ќе направи!?

од desk3
93 прегледи

Доналд Трамп, избран за претседател на САД по шокатниоте избори, сега треба да се подготви да управува од 20 јануари. Според неговите предизборни ветувања тој планира да ја изврши главата промена во првите 100 дена на власт. Трамп вети особено дека ќе има многу натоварен прв работен ден.

“Промената ќе започне уште од мојот прв ден на власт”, рече тој.

4bcad1f135d6e24fb472b3eb80cbd705

 

70-годишниот милијардер, голем критичар на “еден тотално фалшлив систем”, вети дека ќе ја “врати величината на Америка” со две силни идеи – да ја заживее економијата и да ги заштити Американците.

Тој ги претстави детално овие две идеи на 22 октомври во Гетисбург во Пенсилванија, историско место во Граѓанската војна, каде што Абрахам Линколн го изговара познатото слово во 1863 година

Уште од првиот ден Трамп има намера, како што тој најави, повторно да преговара за северноамериканскиот договор за слободна трговија и да ги повлече САД од транс-тихо-океанското партнерство.

Тој ќе ги укине исто така ограничувањата врз производството на фосилни фосилни горива, ќе ја обнови работата на нафтоводот Кијстоун Ек Ел, голем американско-канадски проект, на кој претседателот Барак Обама стави вето во февруари 2015 година, и ќе ги поништи милијардите долари плаќања предвидени за програмите на ОН за борба против климатските промени.

Републиканецот милијардер вети исто да почне да “протерува 2 милиони имигранти, кои извршиле злосторства, и да ги поништи визите за земјите кои не сакаат да си ги земат назад.” Тој “ќе превостанови привремено емигрантските региони, подложни на тероризам”, и ќе воведе “вонредни проверки на границите”.

Доналд Трамп вети исто така да се бори со корупцијата во Вашингтон, да ги ограничи мандатите на конгресмените, да го замрзне назначувањето на федералните чиновници и да наложи петгодишна забрана за персоналот на Белата куќа и на Конгресот да стануваат лобисти.

Тој има намера исто така да ги поништи сите претседателски декрети, потпишани од Барак Обама, кои според него се неуставни.
И покрај тензиите меѓу него и неговата партија, која го задржи мнозинството во Претставничкиот дом и Сенатот, Трамп вети дека ќе работи со Конгресот, за да поднесе и да им помогнре за гласањето на економскиот план, креирање 25 милиони работни места за 10 години преку значително намалување на даноците на средната класа и на компаниите. Целта на планот му е економски раст од 4 проценти годишно.

Ѕидот на границата со Мексико ќе биде финансиран, според Трамп, целосно од оваа земја. Ќе биде воведена минимална казна од 2 години во федерален затвор за сите протерани илегални имигранти кои ќе се вратат повторно во САД.

Трамп ќе работи и за што е можно побрзо отстранување на Законот за здравственото осигурување, познат како Обамакер. Најголемиот проект на претседателот Обама за медицинска осигурување за сите имаше бројни критики, бидејќи е придружуван од зголемување на придонесите за осигурување за семејствата од средната класа.

Трамп предвидува и 1 трилиони долари инвестиции во инфраструктурата на земјата за 10 години, благодарение на јавно-приватни партнерства и приватни инвестиции, промовирани од одбивање на даночната база.

Но во својот говор во Гетисбург Трамп застана до границите на САД. Тој не даде никакви детали за надворешна политика, која има намера да ја води во првите 100 дена.

Како ќе ја финансира програмата? Што ќе успее да постигне? Многу експерти изразуваат резерви, уште повеќе што Доналд Трамп често ја менуваше реториката.

Протерување на 11-те милиони нелегални имигранти или прекинувањето на програмата за прием на сириски бегалци, кои тој ја прогласи за една од задачите за првите 100 дена во Белата куќа, не беа споменати во неговиот говор во Гетисбург.