Доналд Трамп беше поддржан од целата своја фамилија на изборите за претседател. И неговите три деца од екс сопругата Ивана Трамп – Доналд Џуниор, Иванка и Ерик гласаа за својот татко.
Тие дојдоа со дел од своите деца, за да гласаат, а споделија и слики од давањето на својот глас во социјалните мрежи.
35-годишната Иванка гласаше во Њујорк во друштво на својот сопруг Џаред Кушнер и 5-годишната ќерка Арабела (тие имаат и двајца помали синови – Џозеф и Тео). Сите носеа беџови кои велеа “Јас гласав”.
38-годишниот Доналд Трамп Џуниор се појави во истото избирачко место, заедно со неговата сопруга и четири од петте деца.
32-годишниот Ерик Трамп и неговата сопруга Лара гласаа само неколку блока од нив.
23-годишната ќерка на Трамп од бракот со Марла Мејпелс – Тифани, исто гласаше во Големото јаболко.
Самиот Доналд и Меланија гласаа во училиште во Менхетн, а во изборниот ден беа без нивниот 10-годишен син Барон.
За Ерик Трамп и неговата сопруга Лара вчера беше посебен ден, бидејќи тие ја славеа и 2-годишнината од свадбата.
Тој дури напиша на Twitter: “Кој би помислил дека нашата свадбена годишнина ќе биде точно на денот на изборите! Среќна годишнина. ”
Погледнете како многубројната фамилија на Доналд го поддржа вчера во галеријата.