За оние што ги поминале македонските судови! Вака изгледа правна држава и нормално судство …

од desk3
130 прегледи

Засегнати од состојбите во македонското судство, се почестите жалби од граѓани за нивните проблеми, но и за обвинувањата за политичките судења, локално.мк Ви пренесува еден случај во САД кој укажува на одличната поставеност на судството, па дури и за најбалните граѓански спорови. Станува збор за животот или смртта на едно куче.

image_5862896_126

 

“Вашингтон пост” објави како ДНК експертиза ја спасила 2-годишната белгиска овчарка Малиноа Џеб, која беше осудена на смрт во септември.. Судија од Мичиген рече дека немал друг избор освен да препорача кучето да биде евтаназирано откако сосед на сопственикот на Џеб сведочел дека видел како овчарката стои над безживотното тело на неговиот померанец Влад.

 

Американскиот закон бара опасни кучиња, кои предизвикуваат сериозни повреди или смрт на луѓе или нивните кучиња да бидат евтаназирани. Ветеринар сведочеше дека според раните на Влад, померанот бил убиен од многу големо куче, Којо или планински лав. Џеб е ставена во кафез на службата за контрола на животните во Мичиген од 24-ти август.
Кенди Морисон, која го подарува Џеб на својот болен татко, уште од почетокот тврди дека кучето не е способно на таква суровост, бидејќи ниту еден пат не го допрело миленичето зајак, со кој ја делат иста соба. За да го спаси животното, Морисон се обраќа на специјалисти, кои ја ослободија од обвинувањата Џеб. Тие земаат ДНК од замрзнатиот труп на померанецот. По истражувањето станува јасно дека Џеб не е причина за смртта на Влад, по што животното се враќа кај сопственикот . Морисон изјави дека нејзиниот татко Кенет бил исклучително среќен да го добие кучето назад. Џеб помина стотици часови обука за да му помага на Кенет кој страда од невролошко заболување кое предизвикува мускулна атрофија и тој носи шини на нозете.