Кајли Џенер сподели свој провокативен кадар, на кој носи само сина боја на телото. Вулгарната слика на најмалата сестра од кланот Кардашијан-Џенер е дел од нова фотосесија.
19-годишната риалити ѕвезда покажува дека навистина има со што да се гордее, кога зборуваме за физичката убавина.
Сликата е дело на фотографката Саша Самсонова. Сликатата ги потенцира формите на градите, половината, колковите и бутовите на Кајли.
Мис Џенер ја зафрлила својата долга темна коса наназад, а силиконските усни се обоени во темновиолетов кармин.
Во моментов бринетата е зафатена со лансирањето на своја козметичка марка, а наскоро ѝ претстои да ја отвори и својата прва продавница (на сликата подолу).

Фото: Instagram