Ерика Канела стана овогодинешниот победник на натпреварот Miss BumBum. Убавицата беше избрана преку онлајн гласање, во кое учествувале десет милиони луѓе и веќе може да се пофали дека ги има најатрактивните задни делови.
Интересно е дека за првпат титулата е освоена од темнокожа убавица, пишува “Дејли Мирор”.


Новата победничка е манекенка и кралица на самбата. Таа изјави дека гордо има обезбедено “неизменета бразилска убавина”.
А, тоа е важен услов, бидејќи учесничките можат да имаат пластична хирургија, но не и на задните делови.

Натпреварот е создаден во 2011 година и се претвора во сензација во Бразил. Заоблените задни делови се претворени во пример и национална гордост во земјата.