Везење, цветни мотиви и украси, животински елементи, ќе бидат апсолутен хит како за есен-зима 2016-2017 , така и за пролетта и летото на 2017 година. Наведените модни акценти ќе ги откриеме декорирани на кошули, фустани, здолништа, додатоци, палта.
Денес споделуваме една оригинална идеја, која ќе ви покаже како со малку напор и средства да се освежи вашиот гардеробер.
Јакната тексас, никогаш нема да излезе од мода, а со малку шарени апликации би се претворила во нешто навистина убаво. За таа цел ќе ви требаат различни на изглед апликации за лепење со пегла. Такви може да се најдат во секоја продавница за материјали.

Ставете ја јакната на рамна површина. Отстранете ја заштитната лента од апликацијата (ако има таква). Стави врз материјалот, покријте со тенка памучна крпа и поминете неколку пати врз неа со пеглата. Внимателно отстранете ја крпата и Voila!
Може да си играте со формите, боите, да украсите со неколку и различни по вид апликации. Убаво, нели?