Кендал Џенер, Изабели Фонтана и Лиу Вен со секси фотосесија во долна облека

од Vladimir Zorba
107 прегледи

Додека ние се подготвуваме за претстојните празници и температурите минуваат кон пониските вредности, модната индустрија наоѓа начин да ги подигне степените.c5cce9c413736797f6d039d8675a10bd

Кендал Џенер, Лиу Вен и Изабели Фонтана остануваа само по долна облека пред камерата. Трите убавици покажаа завидни форми во чипкани миксови од градници и гаќи.

Рекламната кампања е дел од колекцијата за пролет-лето 2017 на луксузниот бренд за долна облека, а зад објективот стои професионалниот фотограф Стивен Клеј.

Рекламните лица позираат на тематска позадина за секоја од нив, а особено импресивни се елементите слични на пламен од оган и расфрлани стакла.

Долната облека се карактеризира со класична палета на црно и црвено, а визуелните ефекти се постигнати со помош на конци.

Сите кадри на Кендал Џенер, Изабели Фонтана и Лиу Вен можете да ги видите во нашата галерија.